Дома Фудбал Останато Доктори од Франција ги налутија Ето и Дрогба: Вие сте го*на! Африка не е ваша за да си играте со неа!

Доктори од Франција ги налутија Ето и Дрогба: Вие сте го*на! Африка не е ваша за да си играте со неа!

Без оглед на тоа колку во светот се порачува дека сите треба да сме еднакви некои луѓе и понатаму живеат во свет убедени дека се над некого.

Она што многумина зачуди се случи на една француска ТВ станица. Тоа што се зборуваше ја згрози Африка, но и целиот свет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двајца француски доктори на ТВ програма разговараа за можност новата вакцина против коронавирусот да се тестира во Африка. Инаку, станува збор за постоечката вакцина која во главно се користи против туберколоза.

Професорот Жан-Пол-Мир, шефот на клиниката за интезивна нега во болница во Париз изјави: Мислам дека можеме да направиме испитување во Африка каде што нема маски, лекувања и реанимација“.

Вториот професор Камил Лохт се сложи со него.

„Во право сте. И ние паралелно размислуваме за Африка како можна дестинација за тестирање на оваа вакцина. Тоа чувствителен процес кој треба да започне. Сериозно размислуваме. Тоа Не значи дека паралелно нема да размислуваме за студии во Европа и Австралија“.

Ова предизвика реакција кај едни од најпознатите африкански фудбалери во историјата.

„Вие сте го*на! Африка не е ваша за да си играте со неа“, напиша Самуел Ето на неговиот Инстаграм профил.

Нешто поблаг во своето излегување беше поранешниот голгетер на Челзи Дидиер Дрогба.

„Незамисливо е да прифатиме вакво нешто. Најостро ги осудувам ваквите расистички ставови. Помогнете ни, спасете ги животот во Африка и запрете го ширењето на вирусот во целиот свет, а не да не гледате како експериментални глувци. Ова е апсурдно. Афричките лидери имаат обврска да се заштитат од вашите вакви планови“, порача Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…