Германецот, Кристијан Дисингер (26) како и што се најавуваше е нов член на Вардар.
Поранешниот ракометар на Кил се наоѓа во Скопје каде што треба да ги помине лекарските прегледи и да се приклучи на тимот на црвено-црните. Дисингер воедно ќе стане првиот Германец кој ќе го носи дресот на Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дисингер неодамна го раскина договорот со Кил со кој го освои германскиот куп, а беше дел и од репрезентација на Германија која стана европски шампион во 2016 година. На летните олимписки игри истата година стигна до бронзениот медал.
Во својата клупска кариера освен на Кил го носеше дресот на Фреинзенхајм, Кадетен, Нептино, Либек, член на Кил беше од 2015 година.
Со Вардар потпиша договор на две години.
За германскиот гигант одигра 130 натпревари и постигна 235 погодоци.