Вечерашните пишувања на италијански медиуми гласат дека договор помеѓу Милан и германскиот стратег Ралф Рагник е постигнат.
Наводниот ангажман на Рагник е најлошо чуваната тајна во италијанскиот фудбал со оглед на тоа дека за преговорите и договорот на Германецот со Милан се знае подолго време. Единствена дилема е колкава моќ ќе има Рагник на „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поголем дел од италијанските медиуми вечерва тврдат дека и тоа е решено. Рагник ќе ја превземе контролата над тренирањето, водењето на екипата, трансферите и медицинскиот тим на Милан.
Се пишува и дека извршниот директор Иван Газидис веќе му соопштил на техничкиот директор Паоло Малдини дека Германецот дефинтивно многу брзо доаѓа во клбуот. Газидис пак не е сигурен дали отказ за легендата е паметен потег, па се шпекулира дека на Малдини му била понудена функција на амбасадор клубот. Сепак, Малдини споре информациите ја одбил таа понуда.
Рагник славата во фудбалскиот свет ја стекна во Хофенхајм, Салзбург и Лајпциг.