Дома Трансфер зона Ди Марцио добил проверени информации: Барселона и Интер започнале преговори

Ди Марцио добил проверени информации: Барселона и Интер започнале преговори

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез оваа сезона игра во одлична форма во дресот на Интер.

Лаутаро за Интер во досегашнот дел од сезоната настапи на 28 натпревари и постигна 16 голови во сите натпреварувања. Аргентинецот со Интер има договор до летото 2023 година, но се повеќе се шпекулира дека ќе ја напушти „Џузепе Меаца“.

Овој 22 годишен напаѓач се наоѓа на мета на неколку клубови, но Барселона покажа најголем интерес да го доведе. Каталонците бараат замена за Луис Суарез кој е во залезот на кариерата. Наводно идеална замена за Суарез гледаат во Лаутаро.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека добил проверени информации дека Интер и Барселона започнале преговори за трансфер на Лаутаро.

Во Интер се спремни да го пуштат Лаутаро ако добијат адекватна понуда. Барселона е спремна да плати околу 100 милиони евра за работата брзо да се заврши. Во текот на вчерашниот ден се појави и вест дека ако Лаутаро замине, на негово место во Интер ќе се обиде да го доведе Пјер Емерик Обамејанг.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Островот: Челзи започна преговори со Донарума

Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага го загуби местото во првиот тим бидејќи мена…