Дома Фудбал Лига на шампиони Ди Марија: Реал се преобразува кога ќе ја слушне химната на ЛШ

Ди Марија: Реал се преобразува кога ќе ја слушне химната на ЛШ

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Анхел ди Марија влезе во одлична форма токму пред првиот меч против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Ди Марија е амбициозен да се покаже против бившиот клуб и истакна дека неговиот тим е многу посилен во споредба со минатата сезона кога беше елиминиран од Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сега сме многу подобри отколку минатата сезона. Имаме голема цел во Лигата на шампиони и способни сме да ја реализираме. Меѓутоа, за тоа е потребна и среќа, бидејќи без среќа невозможно е да постигнеш големи нешта“, изјави Ди Марија.

„Реал Мадрид секогаш е фаворит во ЛШ. Нема врска како играат во Шпанија. Играчите на Реал штом ја слушнат химната од Лигата на шампиони, се преобразуваат. Ние исто така ќе бидеме повнимателни за тој меч“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

После Де Брујне и Хојлунд, Наполи носи нова ѕвезда од Премиер Лигата

Наполи, под раководство на Антонио Конте, сериозно се насочи кон засилување на десната стр…