Eкипата на Бенфика со победа се враќа од Белград каде што славеше победа од 2:1, но до победата португалскиот тим не дојде лесно.
Првата ѕвезда во тимот на Бенфика, Анхелл Ди Марија откри и дека фановите на белградскиот тим им правеле проблеми пред хотелот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добро знаевме дека ќе биде тешко. Во текот на ноќта не можевме да спиеме од огнометот, но на крајот одигравме одлично и дојдовме до победата. Очекувавме да бидеме под притисок и добро се носевме. Среќни сме што победивме, меѓутоа навивачите се најважни. Сакам да продолжиме во ваков стил до крајот на сезоната, па ќе видиме што ќе се случува“, изјави Ди Марија.
Бенфика во натпреварот имаше водство од 2:0 по првиот дел, а Звезда во финишот постигна гол за 2:1, но создаде и уште неколку добри прилики.