Дома Фудбал Англија Директорот на Арсенал: Сакаме засилувања уште во јануари

Директорот на Арсенал: Сакаме засилувања уште во јануари

Спортскиот директор на Арсенал, Раул Санлехи изјави дека клубот ќе биде активен на трансфер пазарот во претстојниот зимски трансфер период поради повредата на Велбек.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За напаѓачот на „Топчиите“ сезоната е завршена по сериозната повреда која ја доживеа на почетокот на ноември во Лигата на Европа против Спортинг, па тренерот Унаи Емери остана без една од опциите во офанзивниот дел.

„Тоа е ситуација која не може да се планира. Не сакам да кажам дека повредата на Велбек претставува зелено светло да доведеме некој нов играч, затоа што во тимот веќе има неколку опции, но секако ја разгледуваме таа можност. Ќе видиме. Сега е ноември, има време до трансфер периодот, но сега е добро време да започнеме да анализираме потенцијални засилувања. Ако има добра шанса ќе ја искористиме“; изјави Санлехи.

По 12 кола во Премиер лигата, Арсенал го завзема петтото место на табелата во Премиер лигата со 24 бода, додека во Лигата на Европа е прв во групата Е со 10 бода од четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…