Дома Трансфер зона Динамо има нови „бисери“ – Интер и Јувентус НЕ губат време!

Динамо има нови „бисери“ – Интер и Јувентус НЕ губат време!

0

Два „бисери“ на Динамо Загреб се на мета на двата големи италијански клубови.

Динамо Загреб е добро познат на италијанските клубови, во минатото од ово клуб во Серија А завршија, Марсело Брозовиќ, Марко Рог, Марко Пјаца

Спортскиот директор на Динамо, Марко Вукелиќ неодамна беше во Лондон каде што зборуваше за интересот на на Интер за 20 годишниот Бенковиќ.

„Бековиќ е фантастичен играч, кој одлично работи и напредува, па нормално е за него да покажуваат интерес клубови каков што е Интер. Меѓутоа до овој момент не добивме никаква понуда од италијанскиот клуб“, изјави Вукелиќ.

Бенковиќ оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна три погодоци за тимот на Динамо.

Од друга страна, Јувентус се распрашува за 20 годишниот Анте Чориќ, Вукелиќ откри дека „старата дама“ не е единствениот заинтересиран клуб за овој фудбалер.

„Чориќ не е мета само на Јувентус, туку на уште некои клубови. Делегатите на Јувентус беа присутни во Лондон и разговаравме за младите фудбалери, но се остана само на разговор, немаше никаква конкретна понуда“, истакна Вукелиќ.

Чориќ оваа сезона запиша 10 настапи за тимот од Загреб, постигна два погодоци и запиша исто толку асистенции.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кое е најдоброто засилување во Премиер лигата?

Ова лето беа поместени границите во фудбалскиот свет, откако Нејмар за рекорден трансфер о…