Дома Македонски спорт Димевски се сретна со првиот човек на ИОК

Димевски се сретна со првиот човек на ИОК

Претседателот на МОК, Даниел Димевски имаше средба со Претседателот на ИОК, д-р Томас Бах, на која од страна на претседателот Бах беше изразена огромна поддршка од ИОК кон МОК.

Оваа нова зголемена поддршка ќе се однесува на реализација на Олимпискиот план на МОК во насока на поддржување на тренажниот и натпреварувачкиот процес на Олимписките кандидати на МОК, обука на стручниот тренерски и администартивен кадар на Националните спортски федерации.


Посебно акцентот е ставен на поставување на нов фотоволтаичен систем на Олимпискиот центар „Јане Сандански“, со кој ќе се заштедат многу финансиски средства и искористат за најдобрите македонски  спортисти, а во голем обем ќе се намали и загадувањето на воздухот и на животната средина.

За таа цел, претседателот Даниел Димевски, со посредство на ИОК, го потпиша и Парискиот договор на Обединетите Нации Спорт за климатски промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…