Дома Фудбал Останато Диего Коста направи уште еден голем скандал

Диего Коста направи уште еден голем скандал

0
costa

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денеска направи уште еден голем скандал.

Бразилецот со шпански пасош не дојде на тренинг. Одби да тренира поради наводните проблеми со коленото, иако прегледите покажаа дека нема никаква повреда. Повредата на коленото е само изговор за Коста. Овој 30-годишен напаѓач на овој потег се одлучи откако што клубот соопшти дека против него ќе има постапка поради црвениот картон кој го доби во натпреварот против Барселона.

Во тој дуел искусниот фудбалер беше исклучен од игра по само неполни 30 минути игра. Се испостави потоа дека го пцуел судијата и доби казна од осум натпревари и за него сезоната е завршена. Меѓутоа, очигледно дека на Коста не му е доста од скандалите. Се потруди да направи уште еден и поради овој сигурно од Атлетико нема да пројде без казна.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…