Тимур Дибиров останува во Вардар до јуни 2023, Клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката.
Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, изјави Тимур Дибиров.Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули.
Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.
Сега Вардар е на чекор до освојување на 15. титула во првенството и викендов ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961