Холандскиот фудбалер Френк де Јонг потпиша договор со Барселона уште во јануари, а вчера ја имаше официјалната презентација во каталонскиот клуб.
Де Јонг минатата година блесна во дресот на Ајас и беше мета на многу европски гиганти, но Барселона ја доби битката за неговиот потпис кој чини 75 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Јонг на презентацијата истакна дека е пресреќен што ќе игра заедно со својот идол Лео Меси.
„Како дете сонував да играм за Барселона. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси, кој ми е идол од детството. Мојот идол сега ќе биде мој соиграч, чувството е неверојатно“, изјави Де Јонг.
„Ми се допаѓа како игра Барселона. Филозофијата на игра помеѓу Барса и Ајакс е доста слична и мислам дека ќе уживам. Барселона и Холандија секогаш имале одлична, специјална врска и се надевам дека ќе ја продолжам таа традиција. Сакам да станам еден од големите Холанѓани кои играле за Барселона“, додаде Холанѓанецот.
?Welcome, @DeJongFrenkie21 ?? pic.twitter.com/bcfTLIuzJu
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2019