Дома Фудбал „Де Јонг во Барселона игра како на грбот да носи 50 килограми компири“

„Де Јонг во Барселона игра како на грбот да носи 50 килограми компири“

Рон Влар е поранешниот капитен на Фејенорд и Астон Вила, а одигра и важна улога во освојувањето на бронза на Холандија на СП 2014 година, тој сега го критикуваше неговиот сонародник од Барселона, Френки Де Јонг.

Барселона со поразот (3:0) од Баерн во последното коло испадна од Лигата на шампионите. Како стручен коментатор на холандската телевизија стоперот кој се пензионираше на крајот на минатата сезона му порача на Де Јонг дека во своите најдобри години (24) стагнира во се полошата Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Де Јонг во Барселона игра како на грбот да носи 50 килограми копмир. Сите знаеме колку може да даде на теренот, но во овој момент неговиот квалитет не може да се види. Мислам дека Де Јонг во погрешно време е во Барселона. Време му е да замине. Френки би играл многу подобро за тим каков што е Баерн. Ниту тој се прилагоди на Барселона, ниту пак Барселона се прилагоди на него и затоа мора да замине“, изјави Рон Влар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…