Дома Трансфер зона Де Кетелар ја намалува платата за да ги забрза преговорите со Милан

Де Кетелар ја намалува платата за да ги забрза преговорите со Милан

Милан и Клуб Бриж долго време водат преговори за трансфер на белгискиот репрезентативец Чарлс де Кетелар.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, минатата сезона блесна во дресот на Клуб Бриж и е примарна трансфер цел на „росонерите“.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, а се очекува „росонерите“ да платат 35 милиони евра плус бонуси.

За да го забрза преговарачкиот процес, самиот фудбалер направи отстапки за висината на платата и наместо 2,7 милиони евра, ќе заработува 2,2 милиони евра.

Се очекува Белгиецот наскоро да пристигне во Милано и да стави потпис на договор со „росонерите“ до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…