Се почесто во медиумите се пишува за заминување на Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед, а сегашниот голман на Шефилд кој е позајмен од „Олд Трафорд“ веќе истакна кандидатура за наследник на Шпанецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Де Геа би можел да се најде на излезни врати од Манчестер Јунајтед ова лето. Една од причината е собирање на финансии за летниот преоден рок, а од друга страна го имаат и Дин Хендерсон кој веќе се смета за идна ѕвезда на англискиот фудбал.
„Црвените ѓаволи“ го следат Хендерсон кој е на позајмица во Шефилд. Младиот голман со добрите настапи му помогна на овој тим во овој момент да биде на седмото место во Премиер лигата. Статистички гледано тој е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата.
Договорот на Де Геа со Јунајтед има важност до 2023 година и оваа сезона не е нивото од претходните кога беше најдобар поединец на „ѓаволите“.