Дома Фудбал Англија Десет клубови од Англија можат да банкротираат за неколку недели

Десет клубови од Англија можат да банкротираат за неколку недели

Десет клуба во англиската Лига 1 и Лига 2 имаат потреба од итна и значителна државна помош, во спротивно ќе банкротираат за неколку недели, тврдат медиумите на Островот.

За ова предупредија пратеникот Демиен Колинс и косопственикот на Сандерленд, Чарли Метвен. Колинс за „Скај Спортс“ изјави дека финансиската состојба на многу клубови во англиската фудбалска лига е загрижувачка уште пред кризата со КОВИД-19, а пандемијата само ја продлабочила кризата.

Тој ја повика британската влада да обезбеди финансиски пакети на клубовите, бидејќи некои од нив би можеле да банкротираат во јуни и да исчезнат од фудбалската мапа.

 „Во наредните недели, 5 до 10 екипи ќе банкротираат. Видовме што се случи со Бури и Болтон пред една година. Ако историјата се повтори, ќе има голем притисок од општеството да се направи нешто. Без интервенција на владата, овие клубови се турнати до ѕидот и можно е и други да ја следат нивната судбина. Би било супер ако фудбалот би можел да си помогне сам, но во сегашната ситуација тоа е невозможно и единствен спас е во државата“, истакна Колинс.

Колинс и Метвен најавија план од шест чекори за да им помогнат на клубовите. Тој вклучува создавање на Фонд за финансирање на фудбалот кој може да ги поддржува клубовите финансиски на краток рок. Двајцата сугерираат Фондот да може да позајми 10 до 49 проценти од акциите на клубот и да назначи независни директори за да го следи насоченото трошење на средствата.

Издвоените пари нема да можат да се користат за купување играчи, туку само за одржување на финансискиот биланс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…