Дома Луд Спорт Десет години затвор за напаѓачот на Озил и Колошинац (фото)

Десет години затвор за напаѓачот на Озил и Колошинац (фото)

0

Судот донесе пресуда, Ешли Смит кој се смета за главен организатор на нападот, следните десет години да ги мине во затвор, како казна за обидот за грабеж на фудбалерите Месут Озил и Сеад Колашинац.

Ешли Смит (30) заедно со Џордан Бортовер се ободоа на крајот од јули оваа година да ги ограбат ѕвездите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац.

Поради обид да ги украде луксузните часовници вредни 200.000 фунти од играчите на Арсенал. Смит е осуден на 10 години затвор, а и претходно бил во затвор за слични кривични дела.

После изрекувањето на пресудата, мајката на Смит почна да вика и да плаче во судницата, а судијата судијата потенцираше дека Колашинац бил неверојатно храбар што се испречил пред вооружените крадци.

Нешто подоцна ќе му се суди и на неговиот соучесник за овој злочин, Џордан Бортовер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

14-годишен фудбалер на Ајакс го „шокираше“ светот (фото)

На социјалните мрежи се појавија фотографии од 14 годишниот фудбалер на Ајакс, Дејвид Исмо…