Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Искусниот Атлетико против дебитантот Лајпциг – кој има предност?

Дерби на денот: Искусниот Атлетико против дебитантот Лајпциг – кој има предност?

Во ¼ финалето на ЛШ ќе се сретнат две различни екипи. Атлетико Мадрид скоро е секогаш учесник во завршницата на ова натпреварување, додека Лајпциг е дебитант во нокаут фазата. Овој натпревар е закажан за вечер од 21:00.

Лајпциг: Германците нема што да изгубат, а тогаш се најопасни

Клубот од истокот на Германија втор пат учествува во ЛШ, а прв пат стигнува до нокаут фазата. Тоа н е е никаква сензација, бидејќи овој клуб е создаден пред само 11 години, благодарение на капиталот од компанијата Ред Бул. Во претходните четири години, Лајпциг забележуваше фантастични резултати. Прво влезе во Бундеслигата, а потоа избори и пласман во ЛШ. Лајпциг играше одлично во групната фаза и успеа да стигне до овој дел, па самиот пласман до тука за нив е голем успех. На клупата го имаат искусниот тренер Нагелсман кој одлично се снајде во Хофенхајм. Овде искрено очекуваме Германците да играат отворено и без многу тактизирање.

Атлетико Мадрид: Искусен тим за нокаут фаза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога во 2014 година беа на минута до трофејот и не стигнаа до него, многу помислија дека Симеоне никогаш нема да земе пехар. Атлетико водеше со голот на Годин против Реал, но Рамос изедначи во последните минути од натпреварот, па потоа зедоа и титула. Атлетико во групната фаза се снајде одлично каде што беше во друштво со Јувентус, Леверкузен и Локомотива и успеаа да поминат понатаму. Во тимот на Атлетико Мадрид е квалитетниот Жоао Фелкс, па искрено имаат квалитет за да направат успех во ова натпреварување. Уште за крај да напомнеме дека Атлетико има добар скор со германските екипи, но никогаш не се сретнал со Лајпциг.

Наш предлог

Обложувалниците го гледаат Атлетико Мадрид како фаворит на овој натпревар, па ние генерално се сложуваме со нив и ви предлагаме да изиграте 2 со квота 2.20 во 22Bet, а љубителите на голови може да испробаат 0-2 гола со квота 1.65 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Мартинез доби втор жолт во пенал серијата, но не беше исклучен. Еве зошто

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига победувајќи го Лил на пена…