Дома Фудбал Останато Дерби во Австралија: Нашиот Рокдејл Илинден го декласираше „грчкиот“ Сиднеј за финале!

Дерби во Австралија: Нашиот Рокдејл Илинден го декласираше „грчкиот“ Сиднеј за финале!

Рокдејл Илинден утрово со убедливи 3:0 го победи „грчкиот“ Сиднеј Олимпик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од добро познати причини во Австралија ова беше посебен меч. Рокдејл Илинден на задоволство на македонската зедница доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот славеше убедлива победа.

Ова беше полуфинале од НПЛ и со овој триумф Рокдејл Илинден се пласираше во финалето.

Ќе потсетиме неодамна Рокдејл Илинден стана шампион на Нов Јужен Велс. Влегувањето во австралиската Суперлига не е можно затоа што таму нема влегување и испаѓање и место може да се обезбеди само со посебна покана.

Ако не се сте запознаени Рокдејл Илинден е клуб формиран уште во 1969 од македонската дијаспора во Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што ќе се случи со Рашфорд: Барселона донесе конечна одлука за Англичанецот

Маркус Рашфорд „излегува“ од плановите на Барселона, со оглед на тоа дека Каталонците цело…