Дома Македонски спорт Мак ракомет Денот кога цела Македонија славеше: Кометал пред 21 година ја покори Европа

Денот кога цела Македонија славеше: Кометал пред 21 година ја покори Европа


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Пред 21 година на денешен ден Македонија за првпат доби европски шампион во ракомет, на тронот на Европа се искачи Кометал Ѓорче Петров.

Салата „Кале“ беше претесна тогаш да ги прими сите љубители на ракометот. Ракометарките на Кометал во финалето го победија Херц со 26:22 и донесоа огромна радост на сите вљубеници во спортот во нашата земја.

Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Треба да напомнеме дека успесите на Кометал немаше да бидат возможни без вложувањата на тогашниот претседател на клубот Трифун Костовски.

Подоцна беше снимен и документарен филм за овој успех на Кометал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Челзи почна преговори за Нејмар

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Раководството на Челзи веќе остварило првичен конта…