Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака летово да ги доведе Никo Вилијамс и Дани Олмо.
За Вилијамс од поодамна е познато дека е во преговори со Барселона, а слични информации за договорени лични услови се појавуваат со денови, како и дека каталонскиот клуб бара начин да ја плати клаузулата од 58 милиони евра. .
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Покрај тоа, и Дани Олмо сака да се врати „дома“, бидејќи порасна во Барса, во меѓувреме стана ѕвезда и верува дека сега е вистинското време за враќање.
Сепак, проблемот е што неговата откупна клаузула од 60 милиони евра истекува на 20-ти јули и Барселона не може да ја активира до викендот.
Одредени извори веруваат дека Лајпциг малку подоцна ќе прифати идентична понуда, иако не се обврзани, пред се затоа што се во добри односи со Олмо и знаат дека негова желба е да игра за Барселона.
Така Лапорта на Деко му оставил на располагање сума од 118 милиони евра за формирање на супер тандем.