Дома Македонски спорт Мак ракомет Два од два за Македонија на подготовките во Белград

Два од два за Македонија на подготовките во Белград

Македонската ракометна репрезентација со победа ќе патува на Европското првенство во Хрватска, откако вечерва во салата на Бањица во Белград, ја победи домашната Србија со 29-32 (13-14).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентативците имаа одличен ден и одличен натпревар така што Раул Гонзалес може да биде задоволен од нападот каде имаше над 30 гола, а може да биде и од одбраната каде што можеше да провери поголем број на ракометари и да види на кои играчи може да смета за шампионатот.

Од она што можеше да се забележи, напредокот во играта е очигледен, а силна репрезентација како Србија да се победи на гостински терен во никој случај не е мала работа. Сепак, за очекување е уште подобро издание на нашите избраници за осум дена, кога почнуваат вистинските предизвици, дуелите со Словенија, Црна Гора и Германија во групата Ц од Европското Првенство

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …