Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Даниел Џејмс смета дека неговиот клуб наредната сезона може да се бори за титулата во Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Црвените ѓаволи“ во моментот на прекинот на натпреварувањето поради пандемијата од коронавирусот се наоѓаа на петтото место на табелата. Иако се уште не се знае како ќе се заврши оваа сезона, Даниел Џејмс има големи очекувања за наредната сезона.
„Следната сезона ќе биде многу важна за нас. Оваа имавме неколку повреди. Кога конечно сите ќе бидеме на располагање на менаџерот ќе имаме шанси да се бориме за титулата“, изјави Џејмс.
Премиерлигашите од идната недела би требало да почнат со тренинзи во помали групи.