Дома Фудбал Останато Дали на повидок е нова ѕвезда? Братучед на Халанд има страшна статистика!

Дали на повидок е нова ѕвезда? Братучед на Халанд има страшна статистика!

Ерлинг Халанд се појави во Молде, па блесна во Салзбург, а продолжи да ги тресе мрежите и во Борусија Дортмунд токму затоа констатно е во фокусот на медиумите, а од неговото семејство би можел да излезе уште еден страшен голгетер.

Сега во Молде своите почетоци ги има Алберт Тјаланд, 17 годишен братучед на Ерлинг Халанд. Тјаланд се уште нема настап во сениорскиот состав, но бројките во младиските категории ветуваат. На 48 натпревари тој постигна неверојатни 69 гола.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Фудбалските експерти му предвидуваат голема кариера, а за одредени сегменти во играта сметаат дека е повеќе талентиран од Халанд. Во медиумите неговото име веќе се поврзуваше со Ливерпул.

Останува времето да покаже дали Тјаланд ќе ги исполни очекувањата и ќе блесне на европската сцена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите се квалификуваа за Мундијалот, па решија да му дадат одмор на Мбапе

Kапитенот на фудбалската репрезентација на Франција, Килијан Мбапе, и неговиот соиграч од …