Дома Останати Ракомет Вардар го соопшти распоредот за подготовки за новата сезона!

Вардар го соопшти распоредот за подготовки за новата сезона!

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар, ги објави деталите за летните подготовки пред новата сезона.

„Црвено-црните“ со тренинзи ќе започнат на 27 јули во спортската сала „Расадник“ во Скопје, каде што ќе биде одржан првиот собир на екипата.

По воведниот дел од подготовките, вардарци ќе заминат во Маврово, каде што од 3 до 10 август ќе го одработат главниот тренинг-камп.

Подготовките ќе продолжат со настапи на два традиционални турнири. Првиот предизвик за тимот ќе биде турнирот во Струга, кој ќе се одржи од 12 до 15 август, а потоа Вардар ќе настапи и на турнирот во Охрид од 18 до 22 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фленсбург со удар по сирената го шокира Берлин, Кил едвај се извлече

Симон Питлик погоди директно од слободен удар од девет метри по истекот на времето и му до…