Дома Фудбал Фудбалскиот свет во жалост: Почина англиска легенда на 75-годишна возраст

Фудбалскиот свет во жалост: Почина англиска легенда на 75-годишна возраст

Англија се прости од една од најголемите фудбалски икони. Легендарниот Кевин Киган почина на 75-годишна возраст по тешка борба со ракот.

Киган во јануари годинава откри дека боледува од рак во четврта фаза и започна со лекување, но неколку месеци подоцна ја загуби најтешката битка.

Зад себе остави огромно наследство како фудбалер и тренер. Во 70-тите години беше една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал, а најдобрите моменти од кариерата ги имаше во дресот на Ливерпул, со кој освои низа трофеи.

Во богатата кариера настапуваше и за Хамбургер, Саутемптон и Њукасл, а двапати беше прогласуван за најдобар фудбалер во Европа и ја освои престижната „Златна топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…