
Алекс Баена испиша нови страници во фудбалската историја како првиот играч што успеа да освои три големи турнири со репрезентацијата – Олимписки игри, Европско првенство и на крајот – Светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Очигледно тренерот Луис Де Ла Фуенте го цени високо и нема случајност што Баена имаше толку важна улога во неговите планови, но и за шпанскиот фудбал. Баена беше единствениот кој летото 2024 година, по победата на Европското првенство, веднаш замина и со У23 тимот на Олимписките игри каде што исто така се израдува на трофејот..
Во тој тим, исто така, беа Пао Кубарси, Ерик Гарсиа, Хоан Гарсиа и Фермин Лопез, но ниту еден од нив не доби покана за Европското првенство во Германија.
На овој начин, Баена стана првиот во историјата што го комплетираше “тројниот хет-трик” – ЕП, ОИ и СП во рок од две години.
Сличен успех имаа и јужноамериканските фудбалски асови – Лионел Меси и Анхел Ди Марија. Аргентинците во својата кариера освоија Светско првенство (2002), две Копа Америка (2021 и 2024), а и Олимписки игри во Пекинг 2008 година.
Но, за разлика од нив, кои имаа пауза од 16 години за да ги освојат сите титули, Баена успеа тоа да го оствари за само две години.