Најдобриот стрелец во историјата на „црвената фурија“, Давид Виља има амбиција да биде меѓу патниците на Мундијалот, а свесен дека многу поголеми шанси за тоа има ако се врати во Шпанија.
Виља игра фантастично во МЛС лигата, но доколку покаже добри партии во Примера ќе има многу поголеми шанси да го убеди Лопатеги да го повика за Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Малага покажува сериозен интерес за Виља!
Тимот од Андалузија е во лоша форма, се наоѓа во зоната за испаѓање, па веруваат дека Виља може да биде вистински „спасител“.
Шпанецот исто така е спремен да се врати во татковината, па наводно веќе започнал преговори со Малага и големи се шансите да се врати во Примера во јануари.