Дома Македонски спорт Мак фудбал Грнев: Ќе ни треба време, во сабота ќе видиме до каде сме

Грнев: Ќе ни треба време, во сабота ќе видиме до каде сме

Tимот на ФК Кит Го Пехчево продолжува со подготовките за новата сезона во Вторатал ига Исток.

Шефот на стручниот штаб Емил Грнев за официјалниот сајт на Кит Го истакна дека е задоволен од она што досега го видел кај неговите фудбалери.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Продолжуваме со максималниот тренинг ритам, со два тренинзи на ден. Може да кажам дека секој од фудбалерите го дава максимумот. Очигледна е желбата за докажување кај секој поединец, што само носи позитивни вибрации во тимот“.

Првиот тест-дуел Кит Го ќе го одигра во сабота против Слога Виница.

„Во сабота почнуваме со пријателските натпревари кои треба да ни покажат до каде сме со подготовката. Секако ќе ни треба време и многу трпение затоа што во тимот има многу млади играчи кои за првпат се во сениорскиот фудбал. Но верувам дека сите подготвено ќе го дочекаат стартот на новата сезона“, изјави Грнев.

Фото: Кит Го Пехчево

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…