Дома Топ вести Гризман: Не одам во ПСЖ, Атлетико е мој дом!

Гризман: Не одам во ПСЖ, Атлетико е мој дом!

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ја отфрли можноста наскоро да се врати во својата татковина и да потпише за Пари Сент Жермен.

Гризман веќе подолго време се наоѓа на мета на „светците“ кои се спремни да платат богатство за него, но тој во јуни се одлучи да потпише нов договор со Атлетико Мадрид.


Ниту „жешката“ Кнол не и помогна на Хрватска - домаќинот фуриозно! ↓↓↓


„Никогаш не се знаш што може да се случи во иднина, но моментално ПСЖ не е во моите планови. Можеби еден ден ќе биде, но сега Атлетико е мој дом. Се чувствувам одлично во Мадрид и имам голема желба да освојам трофеи со Атлетико“, изјави Гризман.

Гризман минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери во Европа и беше избран за МВП на Европското првенство, а со добрите настапи продолжи и оваа сезона, каде на осум натпревари постигна шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Албански репрезентативец ги пцуеше Македонците🎥

По натпреварот меѓу Албанија и Хрватска се случи голем скандал во режија на Мирлинд Даку к…