Дома Македонски спорт Мак ракомет Грандиозно издание на шампионот: Вардар го декласираше Рајн Некар

Грандиозно издание на шампионот: Вардар го декласираше Рајн Некар


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Ракометарите на Вардар направија голем чекор кон освојување на првото место во Б групата во Лигата на шампионите, откако во Франкфурт со убедлива игра славеа над Рајн Некар Левен со 33:27.

Вардар го фрли на колена германскиот шампион, одигра во сите линији и предводен од Канељас, Циндриќ и Штербик стигна до шестата победа во седмиот натпревар во Лигата на шампионите.

Најефикасен во редовите на „црвено-црните“ беше Хуан Канељас кој постигна 10 годови, дедека Лука Циндриќ постигна 7, а Хорхе Македа беше стрелец на 4 гола.

„Јас сум горд сум што сите играчи го дадоа својот максимум. Ова беше важен натпревар за нас, знаевме колку ќе биде тешко да се игра против Левен на овој терен. Сега веќе се концетрираме на она што претстои, а тоа е следниот меч“, изјави Раул Гонзалес.

Вардар во наредното коло ќе му биде домаќин на Рајн Некар, натпреварот ќе се одигра на 26 ноемри во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Грчевски го објави конечниот список: Ова се ракометарките со кои ќе „бркаме“ пласма на ЕП

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Селекторот на женската сениорска реп…