Дома Македонски спорт Град Скопје со 100.000 денари го награди Аземи за бронзата на ЕП

Град Скопје со 100.000 денари го награди Аземи за бронзата на ЕП

Младиот боксер Ардијан Аземи кој освои бронза на Европското првенство во Будва е награден со 100.000 денари за постигнатиот успех.

Аземи до донесе бронза од младинското Европското првенство и секако заслужи награда.

“Младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва, денеска гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов. На средбата присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје.

По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.

Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, неколку години наназад. Во последниве 6 години постојан член на „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација на Република Северна Македонија го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување.

Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година 40.000 денари за активностите на клубот“, објавија од Град Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лазаров: Да ги заборавиме поразите, Чиле е наша шанса

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров вели дека натпреварот …