Белгискиот репрезентативец Мичи Бачуаи пристигна на „Стенфорд Бриџ“ како големо засилување ова лето, но не се снајде баш најдобро.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако беше платен 40 милиони евра и веруваше дека е добра инвестиција за иднина, сепак Бачуаи не се наметна во тимиот на Антонио Конте и до сега одигра само 52 минути во Премиер лигата.
Медиумите пренесуваат дека овој 23-годишен напаѓач веќе во јануари ќе го напушти клубот, а најголем инетерс за него покажува италијанскиот гигант Милан.
„Росонерите“ не се задоволни од Луис Адриано и бараат негова замена, а изборот падна токму на Белгиецот за кого веруваат дека ќе биде одличен партнер на Карлос Бака.
Милан е спремен да испрати понуда за позајмица на напаѓачот до крајот на сезоната, со можност за откуп следното лето.