Дома Трансфер зона Го бараа многу гиганти, а тој го избра Монако

Го бараа многу гиганти, а тој го избра Монако

0

Eден од играчите кои беа многу барани во овој трансфер период е Висам Бен Једер, но тој се уште е играч на Севиља.

Наводно, додека траеше трансфер периодот во Премиер лигата, сакаше да го ангажира Манчестер Јунајтед, но не дојде до договор. Сепак, тој како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Франција. За неговите услуги е заинтересиран Монако.

Тие испратиле официјална понуда на адресата на Севиља и наскоро очекуваат одговор и се надеваат дека ќе биде позитивен. Монако наводно испратил понуда од 20 милиони евра и спремни се во Севиља да го испратат Португалецот, Рони Лопес.

Интересно е тоа што самиот играч ги договорил личните услови и се согласил да се пресели во Монако, но се чека одговор од клубот. Останува да се види дали управата на Севиља ќе го пушти Бен Једер во Монако или сепак ќе сака да го задржи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…