Дома Фудбал Англија Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Готово: Покетино повеќе не е тренер на Челзи

Маурисио Покетино повеќе не е менаџер на Челзи, пренесе доброинформираниот новинар Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот денес имаше средба со спортските директори Пол Вестенли и Лоренс Стјуарт на која двете страни донеле одлука да се разделат.

Веста за заминувањето на Покетино штотуку ја потврди и клубот од „Стенфорд Бриџ“.

„Сините“ сезоната во Премиер лигата ја завршија на шестото место со 63 бодови. Со ова изборија пласман во Конференциската лига, но не ги оправдаа високите очекувања.

Покетино дојде на кормилото на Челзи минатото лето со големи амбиции, а заминува после само една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…