Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес го изрази своето задоволство по втората запишана победа на нашиот тим на ЕП.
Македонија по триумфот над Црна Гора се наоѓа на лидерската позиција во групата со четири бода, а она што е сигурно е дека во следната фаза нашата селекција сигурно ќе пренесе два бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најпрво сакам да им честитам на моите играчи кои одиграа многу добро. Натпреварот беше одличен. Во првото полувреме игравме тешко во одбраната, не бевме на нашето ниво, но во вториот дел се подобривме, одигравме подобро во секој сегмент, имавме подобра одбрана и успеавме да победиме. Ги освоивме потребните бодови, сега треба да уживаме во оваа победа, па да се фокусираме на мечот со Германија“, истакна Гонзалес по завршувањето на дуелот.