Дома Видео Гол и асистенција во Серија А за талентот кој Шведска го украде на Македонија

Гол и асистенција во Серија А за талентот кој Шведска го украде на Македонија

Вечерва екипите на Парма и Торино го играат последниот натпревар во рамките на 6. коло од Серија А.

Во првиот дел беа видени многу возбудувања, а на крајот првите 45 минути завршија со резултат 2:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Она што за нас е занимливо е тоа што талентот кој има македонско потекло и имаше настапи за македонската селекција до 17 години, а подоцна се реши да настапува за Шведска, Дејан Кулушевски вечерва запиша гол и асистенција за Парма.

Имено, Кулушевски уште во втората минута и донесе водство на Парма со 1:0 по асистенција на Жервињо.

Во продолжението на првиот дел Кулушевски беше асистент на голот со кој Парма израмни и замина на полувреме со 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Рамадани: Максимално сме мотивирани пред мечот со Данска, ќе го дадеме најдоброто за Македонија

Македонија денеска ќе ги заврши подготовките во Скопје по што ќе патува за Копенхаген каде…