Дома Фудбал Франција Голем скандал ја тресе Франција: Екс-тренерот на ПСЖ ги терал муслиманите да го прекинат постот!

Голем скандал ја тресе Франција: Екс-тренерот на ПСЖ ги терал муслиманите да го прекинат постот!

За десет дена поранешниот стратег на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие ќе мора да се појави на суд во Франција за да даде своја изјава откако е обвинет за етичка и расна дискриминација.

Ако се потврди како виновен Галтие би можел да заврши во затвор и да плати казна од 45.000 евра. Против него секојдневно се појавуваат нови докази.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скандалот започна кога тој беше тренер на Ница, а од тогашниот директор на клубот преку мејл побарал да престанат со ангажман на муслимани и црномурести фудбалери.

Исто така се наведува дека од оние кои биле во тимот барал да го прекинат постот. Галтие кој е сегашен тренер на Ал Духаил ги отфрли обвинувањата, меѓутоа фудбалерот Жан Клер Тодибо кој играше и за Барселона потврдил дека него му било барано да го прекине постот за Рамазан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…