Суперталентираниот бразилски напаѓач Ендрик од денеска и официјално е играч на Реал Мадрид.
Со веќе докажаниот бразилски репрезентативец, Реал договори соработка пред точно 584 дена, но мораше да почека младиот напаѓач да наполни 18 години за официјално да го ангажира. Ендрик денеска го слави својот 18 роденден.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал одвои 47,5 милиони евра за него да го доведе од Палмеирас, а сумата која ќе му припадне на клубот од Бразил може да достигне и 60 милиони евра со бонусите во договорот.
Шампионот на Европа и Шпанија имаше голема конкуренција во реализацијата на трансферот. Талентот на Ендрик беше препознаен од многу големи и богати клубови, но на крајот пресудила големата желба на Ендрик да заигра за Реал Мадрид.
Во „кралскиот“ клуб го очекува „пеколна“ конкуренција во нападот, бидејќи тука се неговите поискусни сонародници Винисиус и Родриго, како и Французинот Килијан Ембапе.
Ендрик за Палмеирас одигра 82 натпревари и постигна 21 гол. За „А“ селекцијата на Бразил забележа 10 настапи, а три пати се запиша во листата на стрелци.