Дома Топ вести Голема распродажба во Барселона!

Голема распродажба во Барселона!

Во Барселона се спрема голема распродажба ова лето и неколку ѕвзеди ќе го напуштат клубот, пренесуваат каталонските медиуми.

Раководството на Барселона има намера да го засили тимот со неколку големи имиња, па за таа цел е спремна да стави на продажба неколку свои играчи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Каталонски „Спорт“ денес ги објави имињата на дури осум фудбалери кои се ставени на трансфер листа, што значи дека на лето не очекува голема реконструкција на „Камп Ноу“.

Од „Камп Ноу“ може да си заминат: Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Самуел Умтити, Мартин Браитвајт, Филипе Кутињо, Јуниор Фирпо, Антоан Гризман и Нето.

Паузата во сезоната поврзана со пандемијата на коронавирус сериозно ќе влијае на финансиските можности на Каталонците во текот на летото, како и на спецификите на пазарот.

Најмногу пари се очеква Барселона да добие од Антоан Гризман, кој минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ за 120 милиони евра, како и за Филипе Кутињо кој ќе се врати од позајмица во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…