Дома Фудбал Англија Главоболки за Солскјер пред мечот со Вест Хем

Главоболки за Солскјер пред мечот со Вест Хем

0

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се соочува со сериозни проблеми пред утрешниот натпревар со Вест Хем во Премиер лигата.

Норвежанецот за овој натпревари нема да може да смета на услугите на Марсијал, Погба и Лук Шоу, а Даниел Џејмс е исто така под знак прашалник.

„Погба и Марсијал се уште не ги подновиле тренинзите. Лук Шоу исто така нема да биде спремен за овој меч. Џејмс? Не знам. Тој исто така не тренираше во последните денови. Да се надеваме дека ќе биде спремен, но не е сигурно“, изјави Солскјер.

Норвежанецот исто така истакна дека не е загрижен за формата на Маркус Рашфорд, кој од почетокот на сезоната постигна само три гола, од кои два од пенал.

„Не сум загрижен. Се разбира дека тој можеѓе да постигна три гола само на еден меч, но Маркус работи одлично на тренинзите. Сигурен сум дека ќе постигне многу, многу голови“, истакна Солскјер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед води против Ливерпул, Клоп збесна! (ВИДЕО)

Денес Манчестер Јунајтед и Ливерпул го играат дербито на колото во Премиер лигата. Во први…