Пред стартот на германското дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дормутнд, пред ТВ камерите дојде до расправија меѓу легендите Оливер Кан и Лотар Матеус.
Причина за расправијата на двете легенди во емисијата на „Скај“ беше поради последните случувања во Баерн Минхен и смената на тренерот Јулијан Нагелсман, на чие место дојде Томас Тухел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Водителот на емисијата на „Скај Спорт“, Себастијан Хелман постави прашање дали требало прво даразговараат со Нагелсман и да му соопштат дека добил отказ, а после одговорот на Кан се приклучи Матеус.
Матеус сметаше дека слоганот на баварскиот гигант „Mia san mia“, кој значи „Ние сме оние кои сме“, повремено се гази.
„Не сакам да водам војна со тебе. Слободно повикај ме во било кое време. Не велам дека ситуацијата станала полоша, туку дека работите се промениле. Новото раководство има поинаков стил“, објасни Матеус.
„Можеби некој има слабо памтење. Во минатото секогаш се носеле тешки одлуки за клубот да успее. Не е секогаш лесно“, одговори Кан.
Da ging es heiß her vor dem Spiel zwischen Lothar Matthäus und Oliver Kahn. 😲
— Sky Sport (@SkySportDE) April 1, 2023
Den verbalen Schlagabtausch in ausführlicher Form könnt ihr hier sehen:https://t.co/TcLuryHlCr#DerKlassiker #FCBBVB pic.twitter.com/zeAV6Y1o8M