Дома Фудбал Англија Гвардиола ја отвори душата и ја прокоментира реакцијата на Кун Агуеро

Гвардиола ја отвори душата и ја прокоментира реакцијата на Кун Агуеро

Mенаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека не му е сеедно кога мора да остави некои фудбалери надвор од тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиола има намера за натпреварот во Лига купот против Лестер да направи одредени промени. Капитенот Винстент Компани повторно е под знак прашалник поради проблемите со мускулите, додека Давид Силва би можел да отсуствува поради приватни причини. Голманот Клаудио Браво и фудбалерот од средината Јаја Туре би можеле да се вратат во тимот.

Запрашан да ја прокоментира реакцијата на Серхио Агуеро откако Шпанецот го замени со Габриел Хесус во победата над Тотенхем, Гвардиола одговори:

„Тоа е нормално, фудбалерите сакаат да бидат на теренот и го разбирам. Никогаш немам намера некого да повредам. Бев играч и знам како размислуваат. Верувам во овие момци. Не сакам да ги навредам. Срцето ми се крши кога Данило не може да игра, кога Бернардо Силва не може да игра…“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…