Дома Фудбал Гвардиола: Создаваме шанси и примаме голови

Гвардиола: Создаваме шанси и примаме голови

Спортинг изненадувачки го победи Манчестер Сити со 4:1 во Лисабон во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Избраниците на тренерот Пеп Гвардиола поведоа во четвртата минута со голот на Фил Фоден, но Спортинг направи пресврт со головите на Виктор Ѓекерес во 38., 49. и 81. минута и Максимилијан Араухо во 46. минута.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ова беше трет последователен пораз за клубот од Манчестер, што му се случи за прв пат по 2018 година.

Пред Спортинг загуби од Бормут во Премиер лигата (2:1) и Тотенхем во Лига Купот (2:1). Гвардиола даде изјава за ТНТ Спортс по натпреварот во Португалија.

„Не можете да кажете многу откако ќе изгубите 4:1. Честитки за Спортинг. Одигравме фантастично прво полувреме, но се мачевме да постигнеме гол. Создаваме шанси и примаме голови. Бевме навистина добри во првото полувреме, постигнавме гол, но ни недостигаа мали нешта. Не бевме доволно емотивно стабилни, а во ова натпреварување мора да бидете. На 2:1 може многу да се случи“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ждребот одлучи: Дерби Арсенал – Јунајтед на стартот на ФА Купот

Познати се паровите за третата рунда на ФА Купот, фаза во која се вклучуваат клубовите од …