Ако му веруваме на „Дејли Мејл“ Манчестер Сити ќе го купи Џек Грилиш за 100 милиони фунти.
Како што објави овој медиум трансферот би требало да биде завршен после Европското првенство, а со оваа сума Сити би го срушил сопственикот и рекордот на Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите помеѓу двата клуба добро напредувале во последниот период и забележан бил прогрес, наводно двете страни си „подале рака“ за 100 милиони фунти.
Се пишува дека се ќе биде потврдено откако Англија ќе заврши со Европското првенство.
Инаку во последниот период со Манчестер Сити се поврзуваше и напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн.