Дома Фудбал Гвардиола откри кога би можел да го напушти Сити: Реалноста е дека сум поблиску до заминување

Гвардиола откри кога би можел да го напушти Сити: Реалноста е дека сум поблиску до заминување

Мaнчестер Сити ја одбрани титулата шампион на Англија. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното коло од Премиер лигата влегоа со два бода предност пред Арсенал, а на натпреварот против Вест Хем потврдија дека се најдобри во Англија.

За менаџерот Пеп Гвардиола тоа беше шеста шампионска титула на клупата на англискиот клуб, а по новиот трофеј ги шокираше навивачите на Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Шпанецот има договор со Сити до летото 2025 година и би можел да го напушти клубот на крајот од следната сезона: „Реалноста е дека поблиску сум до заминување отколку да останам. Зборував со клубот и чувствувам дека сега сакам да останам и следната сезона, тоа е сигурно, но ќе разговараме во текот на сезоната.“

Пеп го презеде Сити во 2016 година и освои се што можеше да се освои со клубот. Сити го водеше на 471 натпревар. Оствари 349 победи, 57 нерешени и 65 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…