Дома Фудбал Англија Гвардиола не сакаше да зборува за судиите, но на сите ни е јасно што мислеше

Гвардиола не сакаше да зборува за судиите, но на сите ни е јасно што мислеше

Шпанецот не можеше да го сокрие незадоволството од судењето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Сити вечерва ја прекина лошата низа од четири порази во низа во Лигата на шампионите.

Англискиот клуб во тежок натпревар успеаа да го скршат отпорот на Хофенхајм и да слават со 2:1, со гол во завршницата.

Без оглед на тоа што Пеп Гвардиола беше бесен на судијата Скомина на кого најмногу му замери што прекина изгледа прилика на „граѓаните“ во првото полувреме кога ја врати топката откако Силва изведе аут.

Шпанецот после натпреварот не сакаше да обвинува никого, но јасно беше на што алудира

„Не сакам да разговарам за судиите, сакам да бидам само со играчите на клупата и во наредниот натпревар. Знам што се случи минатиот пат против Монако на домашен терен и против Ливерпул во четвртфиналето во Лигата на шампионите…“

„Не сакам да зборувам за судиите, не сакам за судиите, не сакам за судиите“, повтори неколку пати Гвардиола.

https://www.youtube.com/watch?v=ZSoa_0C4FVM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бaрсa пoвтoрнo ќe гo нaпушти „Кaмп Нoу“ нa шест мeceци

Кoнeчнoто врaќaњe нa Бaрсeлoнa нa Кaмп Нoу сe случи лaнскиoт нoeмври, a зa трите сeзoни би…