Дома Топ вести Гвардиола не доаѓа во Јуве, но затоа ќе купува од Јувентус: Кансело на чекор од „Етихад“

Гвардиола не доаѓа во Јуве, но затоа ќе купува од Јувентус: Кансело на чекор од „Етихад“

0

Манчестер Сити и официјално ги негираше денешните шпекулации дека Пеп Гвардиола ова лето ќе седне на кормилото на италијанскиот шампион Јувентус.

Денес се појавија информации дека Јувентус и Гвардиола договориле соработка, но набрзо стигна силен демант од Манчестер Сити, кој потврди дека каталонскиот стартег ќе биде на „Етихад“ и следната сезона.

Италијанските медиуми тврдат дека првото засилување за следната сезона Гвардиола може да го донесе од Јувентус, а станува збор за десниот бек Жоао Кансело.

24-годишниот Португалец минатото лето пристигна во Јувентус и на почетокот играше одлично, но потоа падна во втор план кај тренерот Алегри.

Наводно и самиот побарал да ја промени средината, а Јувентус е спремен да го пушти за сума од 60 милиони евра.

„Рекорд“ пренесува дека „граѓаните“ се спремни да ја платат таа сума и наводно веќе постигнале договор со Кансело, па трансферот е само прашање на време.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Меси бара од претседателот на Барселона да го врати Нејмар на Камп Ноу

Нејмар во 2017. година во трансфер вреден 222 милиони евра ја напушти Барселона и премина …