Дома Фудбал Гвардиола за Ел Класико: Реал не може да го замени Роналдо!

Гвардиола за Ел Класико: Реал не може да го замени Роналдо!

Бившиот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола е убеден дека денес ќе гледаме многу возбудливо Ел Класико.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После повеќе од една деценција во Ел Класико нема да ги гледаме Лео Меси и Кристиано Роналдо, а Гвардиола посочи дека најголем проблем на Реал е што не може да го замени Португалецот.

„Со или без Кристиано Реал останува многу силен тим, но вистината е дека тимот остана без 50-60 гола во сезона“, изјави Гвардиола.

„Роналдо е исклучителен фудбалер и тоа не само поради головите туку и поради асистенциите. Тој е единставно незаменлив! Шпанскиот фудбал имаше голема среќа што толку многу години можеше да ужива на Роналдо и Меси“, заклучи Пеп.

„Ел Класико“ на програмата е денес на „Камп Ноу“ со почетокот од 16:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …