Дома Фудбал Англија Гвардиола загрижен: Во проблеми сме…

Гвардиола загрижен: Во проблеми сме…

Mанчестер Сити вчера ја победи Црвена Звезда во Лигата на шампионите со 3:1, „граѓаните“ славеа со пресврт откако имаа негатива по првото полувреме.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен од победата, но и разочаран што им се повреди важен фудбалер – Бернардо Силва. Португалецот така се придружи на веќе повредените Де Брујн, Џек Грилиш, Ковачиќ и Стоунс.

„Во проблеми сме, но нема да се извлекувам на фактот дека имаме многу повредени фудбалери. Ќе играме најдобро што можеме со играчите кои ги имаме на располагање. Додека имаме добар менталитет, добро е. Пред овој натпревар имавме повредени пет важни фудбалери. Ситуацијата е тешка, но се случува тоа во фудбалот“, изјави Гвардиола.

Засега не е познато од каков карактер е повредата на Силва, а наскоро се очекува враќање на Ковачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Цените на билетите се астрономски: Ова финале е најскапо во историјата на спортот!

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина носи огромно возбудување, додек…